четврток, 25 ноември, 2025 година

Alfa Romeo со најдобри резултати во последните седум години – успехот го предводи моделот Junior

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Alfa Romeo го заврши првиот квартал од 2025 година со одлични резултати – раст од 29% во глобалната испорака на возила во споредба со истиот период минатата година. Особено силни бројки се забележани во Европа со раст од 43%, а раст од 9% е постигнат и на пазарите во Блискиот Исток и Африка.

Главен двигател на овие резултати е новиот модел Alfa Romeo Junior, кој од својот лансирање веќе има 36.000 нарачки на 38 пазари. Особено значајно е што 18% од нив се за целосно електричната верзија, што дополнително ја потврдува клучната улога на овој модел во модернизацијата на понудата на брендот.

- Advertisement -

Март 2025 се истакнува како најуспешниот месец за Alfa Romeo од јуни 2019 година – со над 8.700 продадени возила, што е пораст од 33% во споредба со март 2024. Истовремено, брендот постигна рекорден пазарен удел во Европа во последните седум години – 0,5%, што е зголемување од 0,15 процентни поени во однос на истиот месец лани.

Успехот на Alfa Romeo Junior се должи на најшироката понуда во сегментот: две електрични верзии (со 156 и 280 коњски сили), хибридна изведба со 145 коњски сили, како и новиот Junior Ibrida Q4 со погон на сите тркала. Придонесот на Junior силно се почувствува и кај останатите модели – Tonale, Stelvio и Giulia – кои и понатаму ги носат вредностите на спортскиот дух и технолошката иновација.

Овој позитивен тренд го потврдува силниот моментум на Alfa Romeo, кој сега е присутен на повеќе од 70 пазари ширум светот. Брендот со сигурност гледа кон иднината, поткрепен со конкурентна и модерна гама на возила што се прилагодени на новите барања на пазарот. Дополнителен доказ за ова се и специјалната серија INTENSA, која ја слави препознатливата дизајнерска естетика на Alfa Romeo, како и неодамнешното проширување на понудата со Junior Ibrida Q4.

Со нови модели и стабилен раст, Alfa Romeo повторно се позиционира како силен играч на глобалната автомобилска сцена.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја