Alfa Romeo со два новитети во јуни

ОБЈАВЕНО НА:

Многу порано од очекуваното Alfa Romeo ќе ги претстави новите два модели. Станува збор за купе изведбата на Giulia и новиот SUV модел.

Купе изведбата на Giulia треба да ја продолжи алфината приказна на GT, а според пишувањата новиот модел ќе го носи називот GTV и во понудата ќе ги има сите мотори на Giulia. Со овој модел, Alfa Romeo по подолга пауза ќе им парира на Audi A5, BMW серија 4 и Mercedes C класа, а од FCA се убедени дека ќе успеат да им одземат поголем дел од пазарниот колач.

Што се однесува до новиот SUV тој ќе се позиционира над Stelvio, а во понуда се очекува да дојде со истите мотори како и со хибридна верзија, прва во понудата на италијанскиот производител. Тоа значи дека новиот ривал на BMW X5, Mercedes GLE и Audi Q7 меѓудругото ќе располага и со 2.9 литарскиот V6 мотор од Giuli Quadrifoglio, а се очекува италијанците во свој стил да подготват нешто помоќно.

Премиерата на двата модели се очекува да се случи на 1 јуни кога е закажана и годишниот состанок на FCA во Балоко, Италија, каде меѓу

другото ќе биде презентиран новиот, пет годишен стратешки план, а исто така на овој настан ќе се пензионира долгогодишниот прв човек на FCA, Серџо Маркијоне.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK