Ако пиете алкохол: Знаете ли за колку време се разложуваат 1, 2 или 3 чашки?

ОБЈАВЕНО НА:

Периодот на крајот од годината е исполнет со многу прослави, денски, вечерни и секогаш со пријателите сакаме да се опуштиме и секако да с енапиеме некоја чашка алкохол. Најдобро е ако веќе пиете, да не возите. Секако најважно е да знаете за колку време се разложува алкохолот што сте го конзумирале.

На ова прашање нема „едноставен“ одговор бидејќи колку алкохол ќе остане во вашиот организам зависи од различни фактори, но некои општи насоки не постојат. Најважно е кога пиете да не возите. Тогаш ќе бидете поштедени од секакви непријатности.

Колку долго алкохолот ќе се задржи во крвта зависи од вашата висина, тежина, годините, полот и тоа колку е брз вашиот метаболизам. Исто така на тоа влијае и колку сте јаделе во текот на денот, дали земате некои лекови, колку ви е здрав црниот дроб и колку јак алкохол имате пиено.

Според токсиколозите најдобро е да има 24 часа без возење по конзумирање на алкохол, но времето зависи од видот на алкохолот и консумираат количество. Со повеќе од 5 промили на алкохол, обично доаѓа до кома.

За опасностите од алкохолот во возењето не треба да се трошат зборови, а веќе е добро познато дека голем број од настраданите при сообраќајни несреќи биле под дејство на алкохол. Бројките се различни во различни земји, но во просек една третина од загинатите биле под дејство на алкохол.

Многу од возачите за жал не чекаат отрезнување и седнуват пијани зад воланот на автомобилот, а многу мислат дека се подготвени за возење пола час или еден час после пиењето. Тоа за жал не е точно и се работи за претерана самодоверба што исто така може да биде многу опасно.

Има многу истражувања кои го анализираат консумирањето на алкохол и способноста за возење и на тој начин издаде препораки колку би требало да чекате после пиењето односно колку долго алкохолот останува во организмот.
Обидете се да се придржувате до овие упатства.

ЧАША ВИНО (13,5 проценти алкохол)
Еден пијалок – 3,5 часа
Два пијалоka – 7 часа
Три пијалоци – 10,5 часа
Четири пијалоци – 14 часа
Пет пијалоци – 17,5 часа

ЧАША ЖЕСТОК ПИЈАЛОК (40 проценти алкохол)
Еден пијалок – 1,5 часа
Два пијалока – 3 часа
Три пијалоци – 4,5 часа
Четири пијалоци – 6 часа
Пет пијалоци – 7,5 часа

ПИВО (5 проценти алкохол)
Еден пијалок – 2,5 часа
Два пијалока – 5 часа
Три пијалоци – 7,5 часа
Четири пијалоци – 10 часа
Пет пијалоци – 12,5 часа

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK