Секој авто-клуб има своја статистика, но поради огромниот број на возила и обемот на сообраќајот, статистиката на германскиот авто-клуб (ADAC) се работи на најголемиот примерок, а и споредлива е со условите на Балканот бидејќи моделите на автомобили на пазарите на овој простор се исти.
Во 2020 година се обработени дури 3,386 милиони дефекти, што е фасцинантен податок. Германија беше во локдаун во пролетта во 2020 година, а се возеше и помалку, па ADAC забележа пад од десет проценти во бројот на интеренции во однос на 2019 година.
Интересно е што бројот на дефекти во акумулаторите порасна и тоа од 41,8 проценти во 2019 година на 46,3 проценти во 2020 година. Некористењето на автомобилите, кое тогаш се мереше во недели, негативно влијаеше на акумулаторите кои се празнеа. Во ADAC бележат посебно висок број на интервенции во април во 2020 година, неколку недели после локдаунот.
ADAC направи статистика за дури 109 модели на возила кои се постари од три до десет години. Предвид не се земени погрешно наточено гориво или празен резервоар бидејќи за нив се одговорни исклучиво возачите.
Во овој авто-клуб истакнуваат дека оценките се само упатства. Неславното прво место во однос на несигурноста го зазема автомобилот од ниската средна класа: десетгодишна Kia Ceed со стапка на дефекти од 52,7 промили. Треба да се спомене дека новите Kia се речиси без дефекти, но на старите модели има многу проблеми. Најчестите грешки (освен акумулаторите) се однесуваа на алтернаторот, пумпата за гориво, свеќичките…
Hyundai i20 покажува слични слики на дефекти. Покрај свеќичките, неисправните контакт-брави исто така во повеќе наврати се одговорни за дефекти. Во Seat Alhambrа и VW Sharan дефектите се случуваа натпросечно често во практично сите генерации, а главните причини за рециркулација на издувни гасови или вбризгување на AdBlue.
Smart Forfour, кој се продава од 2015 година, изгледаше лошо благодарение на откажувањето на акумулаторот. Opel Insignia, Nissan Qashqai, Ford S-Max, како и Renault Kangoo имаа доста проблеми. Kangoo имаше проблеми со електриката. Голем број на возила од Audi и BMW нема сериозни проблеми. На пример A3, A4, A5, Q3 и Q5 се исклучително доверливи.
BMW Seriеs 1, 2, 3, 4, X1, X3, како и Mini се многу доверливи. Веднаш позади се малку повеќе дефекти, а се наоѓаат моделите на Mercedes A, CLA, GLA како и C-класа, GLC и GLK. Во возилата често била неисправна контакт-бравата или алтернаторот.
Позитивните изненадувања се малите автомобили FIAT Punto и Dacia Sandero. Кај Puntо е интересно дека и старите примероци (години на производство 2011-2013) имале многу дефекти, додека Dacia Sandero докажува дека евтино не значи автоматски и лошо.
Новите модели на VW Golf се добри, но постарите години веќе имаат доста проблеми. Сепак, Golf во секој случај е подобар од конкурентот во компактната класа.
ADAC подготви и статистика за електрични автомобили и овде, секако, првата причина за проблемот со батеријата, но не таа на која би помислиле. Најмногу грешки на малата 12-волтна батерија (односно акумулаторот), дури 54 проценти. Таа обезбедува отворање на врата и активирање на главниот батериски систем. Главната батерија (главно 400-волти, во Porsche Taycan 800 волти), електричниот мотор и системот за полнење засега учествуваат во само 4,4 проценти од дефектите. Сепак, оваа технологија е сè уште во почетна фаза и ќе се види колку ќе биде доверлива кога денешните автомобили ќе наполнат десет години.