ADAC – Кои тестови за детски седишта добија незадоволителни оценки за безбедност

ОБЈАВЕНО НА:

Родителите треба да внимаваат при изборот на детски седишта за нивниот автомобил. На тестот за безбедност, ADAC испитал 26 детски седишта во категориите за безбедност, експлоатацијта, ергономијата и содржина на загадувачи. Резултатот – 18 модели се со оценка „добри“ и три со „задоволително“. Сепак, има и губитници – пет детски седишта можеа да бидат оценети само како „лоши“.

Четири од нив паднаа на тестот поради строгите критериуми на тестот за загадување, а еден падна на тестот на челниот и страничниот судар. Ткаенините за покривката на „Besafe iZi Go Modular X1 i-Size“ (со и без „iZi i-Size Base“) и „Swandoo Marie 2“ содржат нафталин (постои сомнеж дека се канцерогени). „Osann Oreo 360 °“ содржи пластификатори DPHP, кој во комбинација со други работи, може да ја оштети штитната жлезда.

Бебешкото седиште „Chicco Kiros i-Size + Kiros i-Size Base“ се оддели од основата Isofix за време на тестот за директен судир и и леташе напред речиси неконтролирано. ВО случај на несреќа ризикот од повреда на детето во неа драстично се зголемува. Ова седиште е купено во Италија како дел од европскиот семеен тест и (според производителот) не е достапно во германските продавници.

Има и добра новост во резултатот на тестот – тројца производители на лошите претставници на седишта реагираа на лошиот рејтинг и на родителите им нудат бесплатна преработка. Chicco ја заменува лошата станица Isofix со подобрена конструкција, Osann нуди замена на хемиски контаминираните влошки за рамото, а Swandoo нуди навлаки за седиштата.

Оваа година тестерите на ADAC истражуваа не само класични детски седишта, туку и популарни бустер седишта. Како пример беа спроведени тестови за директен и страничен удар со еден продукт, но недостатокот на заштита од страничен удар не дозволи повеќе од еден незадоволителен резултат за сите продукти.

Независно од тоа, седиштата одговораат на минималните законски услови за безбедност на децата и се намалува ризикот од повреда при директен судир. ТИе не можат да го заменат полноправното детско седиште бидејќи потпирачот за грб извршува различни важни функции и затоа е суштински дел од доброто детско седиште.

Доколку го барате најдобриот можен модел, треба да обрнете особено внимание на материјалот. Експертите на ADAC препорачуваат продукти, изработени од пластика. Тие се постабилни од оние од плистирол (стиропор). Поцврстиот материјал означува дека е помалку веројатно да се оштети и ризикот од оштетување во случај на несреќа е помал.

Покрај тоа мора да се обрне внимание на водачите на ремените прикачени отстрана, тие го дрѓат засилувачкото седиште во позиција и ја подобруваат позицијата на ременот. ADAC не препорачува едноставно кревање на седиштата без водилки за ремените.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK