вторник, 26 април, 2026 година

Полицијата во Холандија казнува од автобус (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Полицијата знае да биде многу инвентивна, особено кога треба да бидат казнети прекршителите во сообраќајот, а последната инвенција е дело на холандската полиција.

Така веќе неколку недели полицијата воо оваа земја патролира низ улиците со верувале или не, автобуси. Навидум обичен патнички автобус, а во суштина патувачка полициска станица. Внатре, неколку полициски службеници, со пенкало во раката, а пред нив неколку листа хартија, токи-воки, се со цел да се утврдат прекршителите во сообраќајот.

- Advertisement -

За само неколку денови во градовите во источниот дел од земјата, полицијата на овој начин казни околу 700 возачи на автомобили и камиони поради користење на телефон за време на возење, а за само три денови наплатени се казни во висина од околу 100 илјади евра.

“Се надеваме дека со објавувањето на овие податоци ќе ја подигнеме свеста на возачите во јавноста за опасностите кои со себе ги носат користењето на мобилен телефон при возење” изјави полициски службеник. Оттаму наведуваат дека и во иднина ќе се продолжи со практикувањето на овој метод.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја