Wizz Air повторно ја кратки својата мрежа од Скопје. Нискобуџетната авиокомпанијата одлучи да ја укине директната линија до Лион, која беше воведена како нова европска врска, но опстана помалку од една година. Одлуката отвора прашања за одржливоста на одредени линии од македонскиот аеродром.
Нискобуџетниот авиопревозникот Wizz Air официјално најави дека ќе ги прекине летовите меѓу Скопје и Лион. Последниот лет на оваа линија ќе биде реализиран кон крајот на март, по што рутата нема да продолжи во летната сезона.
Линијата Скопје – Лион беше воведена минатата година како дел од обидите за проширување на мрежата на Wizz Air од македонската престолнина и подобрување на директната поврзаност со Франција. Сепак, според достапните информации, побарувачката не ги исполнила очекувањата, што најверојатно е клучната причина за нејзиното укинување.
Ова не е изолиран случај. Во последниот период, Wizz Air направи низа корекции во својата европска мрежа, со укинување или намалување на фреквенции на повеќе линии, особено во регионот на Балканот. Компанијата сè почесто ги оптимизира рутите според реалната побарувачка и оперативната исплатливост.
И покрај укинувањето на линијата до Лион, Wizz Air останува доминантен превозник на аеродромот во Скопје и продолжува да нуди директни летови до повеќе европски дестинации. Патниците кон Франција и понатаму ќе имаат алтернативи преку други директни линии или преку летови со преседнување.









