Ако Hyundai навистина го пренесе духот на Crater во идни сериски SUV модели, иднината на електричниот оф-роуд изгледа многу, многу интересна.
Hyundai сериозно флертува со оф-роуд светот. По XRT верзиите на Ioniq 5, Palisade и Santa Fe, кои повеќе глумат робусност отколку што навистина излегуваат од асфалт, брендот сега покажа нешто многу порадикално – концептот Hyundai Crater, визија за идни офроудн модели на марката.
Crater е масивен SUV со вистински оф-роуд став: вози на 33-инчни теренски гуми, заштитни алу плочи (skid plates), масивни тегови (tow hooks) и неколку дополнителни LED светла на каросеријата. Каросеријата е „замаскирана“ со пикселизирана дигитална камуфлажа, слична на онаа на Ioniq 5 XRT, а Hyundai вметнал и ситни „гејмерски“ детали – на пример, на анодизираните предни тегови има мала фигура наречена „Crater Man“, која служи како неформално лого на концептот и се појавува на повеќе детали надвор и внатре.
Внатрешноста е уште порадикална од екстериерот. Наместо класична табла, има цилиндрична структура „закачена“ на две ремени, со четири мали квадратни екрани кои прикажуваат видџети (Spotify, инфо итн.) и можат целосно да се извадат од автомобилот. Кабината е во топла ’рѓосано-портокалова нијанса, а сите точки на допир – седишта, конзола, панели – се обложени со меки, заоблени површини. Hyundai ова го нарекува „Curve of Upholstery“, и во суштина значи: никаде тврд пластичен раб на видик.

Иако Hyundai не откри конкретни технички податоци, потврдено е дека Crater е целосно електричен. Логично е да се претпостави дека користи техника слична на Ioniq 5 – батерија околу 84 kWh и двомоторен погон со над 300 КС и над 600 Nm – но тоа засега останува на ниво на шпекулации. Многу поважно е што Crater не е само „high stance & големи гуми“ во внатрешноста има и блокади на диференцијали, што јасно покажува дека концептот е замислен како вистински оф-роуд EV.
Лошата вест? Hyundai засега нема план Crater да го претвори директно во сериски ривал на Ford Bronco или Jeep Wrangler. Добрата? Концептот служи како preview на тоа во кој правец може да се развиваат идните XRT модели – од lifestyle „off-road look“ кон модели кои навистина ќе можат да излезат од пат и да се носат со тежок терен.









