Легендарниот Pirelli Календар 2026, познат како The Cal, годинава повторно предизвикува внимание со концепт кој ги спојува човекот, уметноста и природните стихии. Под креативното водство на норвешкиот фотограф Солве Сундсбо, 52-рото издание е визуелна посвета на елементите – земја, вода, воздух, оган и она што стои над нив.
Календарот содржи 22 фотографии и го претставува „лице-на-стихијата“ преку 11 жени-икони, секоја интерпретирајќи одреден природен елемент.
Меѓу нив:
* Винус Вилијамс, како симбол на моќ и огнена енергија
* Ева Херцигова, прикажана во водена, минималистичка композиција
* Ирина Шајк, која ја претставува стихјата воздух
Фотосесиите се реализирани на драматичните крајбрежја на Норфолк и Есекс, како и во студија во Лондон и Њујорк – комбинација на сурова природа и урбана естетика.
Ова издание значи и нов пристап за Pirelli: наместо традиционалните провокативни мотиви, во фокусот е современата, силна, зрела жена, со нагласена индивидуалност и автентичност. Се работи за визуелен проект кој не само што се гледа – туку се доживува.
Календарот останува ексклузивен: тиражот е ограничен на околу 11.000 примероци, дистрибуирани само преку покана, како што е традиција повеќе од половина век.









