Kia ја подигнува летвичката во сегментот на мали кросовери со целосно обновениот Stonic. Моделот, кој веќе неколку години е еден од најпродаваните автомобили на брендот во Европа, добива значајно освежување – со смел дизајн, дигитализиран ентериер, нови технологии за поврзување и безбедност и флексибилна понуда на мотори.
„Новиот Stonic е јасен пример како Kia успева да комбинира модерен изглед со напредни технолошки решенија достапни на поширока публика. Со новите дисплеи, системи за асистенција и практичност, поставуваме нов стандард во компактната SUV класа,“ изјави Ho Sung Song, претседател и извршен директор на Kia Corporation.
Дизајн: свеж лик и посилен карактер
Со должина од 4.165 мм и багажник со капацитет до 352 литри, Stonic останува компактен, но добива пософистициран изглед. Новиот преден дел се истакнува со „star map“ светлосен потпис, поостра маска и модернизиран браник, додека задниот дел носи редизајнирана врата на багажникот и освежени LED-светла.
Купувачите ќе можат да изберат меѓу 16- или 17-инчни алуминиумски фелни, а новите бои „Adventurous Green“ и „Yacht Blue“ му даваат на Stonic дополнителна доза младешки дух.
Ентериер: дигитална трансформација
Внатрешноста на Stonic е вистински скок напред. Два екрана од 12,3 инчи, поврзани во еден „панорамски дисплеј“, овозможуваат целосно дигитална инструмент табла и модерен инфо-забавен систем. Новиот Multimode Touch Display им овозможува на возачите со едноставен допир да преминат од подесување на климата кон управување со мултимедијата.
Други новитети вклучуваат:
редизајниран волан и менувач,
USB-C приклучоци и безжично полнење за смартфони,
амбилентално осветлување кое го нагласува премиум-ефектот.
Stonic е создаден за дигитално поврзан животен стил – преку Kia Connect апликацијата корисниците добиваат cloud услуги, дијагностика во реално време и далечинско управување со возилото. Тука е и Digital Key – можност за отклучување и стартување на автомобилот со паметен телефон или паметен часовник.

Погон: бензин и благ хибрид
Во понудата е 1.0-литарскиот T-GDI мотор, достапен како класичен бензинец или во MHEV верзија (mild-hybrid). Купувачите можат да изберат меѓу 6-степен мануелен менувач или 7-брзински автоматик со двојна спојка (DCT).
Оваа комбинација обезбедува рамнотежа меѓу економичност и секојдневни перформанси, правејќи го Stonic практичен за градски услови, но и доволно агилен за подолги патувања.
Безбедност: ниво кое до скоро беше резервирано за поголеми SUV модели
Еден од најсилните адути на новиот Stonic е проширената листа на ADAS системи (Advanced Driver Assistance Systems).
Клучни технологии се:
Blind-spot Collision Avoidance (BCA) со Safe Exit Warning (SEW) – спречува инциденти при менување лента или при отворање на вратите.
Forward Collision-Avoidance Assist 1.5 (FCA 1.5) – препознава опасности напред и активира сопирање.
Highway Driving Assist (HDA) и Lane Following Assist (LFA) – Stonic останува во својата лента и одржува дистанца на автопат.
Navigation-based Smart Cruise Control – интелигентно ја намалува брзината пред кривини.
Со ова, Stonic се позиционира како еден од најбезбедните модели во својата класа.

Lifestyle избор за новата генерација возачи
Со смел изглед, дигитализиран ентериер, флексибилни мотори и врвни безбедносни системи, Kia Stonic ја потврдува својата позиција како еден од најпаметните избори во B-SUV сегментот.
Тој е компактен за град, практичен за семејство, и доволно технолошки напреден за дигиталната генерација. Новиот Stonic не е само автомобил – тој е lifestyle изјава за сите што сакаат повеќе стил, технологија и сигурност во секојдневието.









