Mercedes ќе крати трошоци – по неколку милијарди годишно

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител на автомобили Mercede-Benz планира големо намалување на трошоците во услови на влошување на бизнисот.
„Во наредните години ќе ги намалиме нашите трошоци за неколку милијарди евра годишно“, соопштија од компанијата, но не сакаа да дадат дополнителни детали. Не се знае дали тоа значи големи отпуштања.

Германската автомобилска индустрија во последно време е во доста проблеми. Преминот кон електрични автомобили не оди според очекувањата, а конкуренцијата се засили и на кинескиот пазар каде германските производители на автомобили бележат силна продажба.

Заострувањето на состојбите во индустријата го чувствува и Mercedes-Benz, кој поради тоа е принуден да ги приспособи оперативните трошоци, изјави портпаролката на компанијата за германската новинска агенција dpa.
„Економската ситуација во светот останува крајно неизвесна. Ќе останеме финансиски силни и способни да работиме само со соодветно зголемување на ефикасноста“, додаде таа.

Според неа, ќе бидат потребни значителни заштеди кои ќе вклучуваат фиксни трошоци. Mercedes-Benz е на добра почетна точка, по тој пат ќе продолжи мирно, но многу доследно.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK