Тоа ќе и даде 15 годишен животен циклус на генерацијата Mk8,но сепак не би бил најдолговечниот Golf.
Volkswagen е серизно подготвен да ја прави следната генерација на Golf electric. целосно електричното возило треба да пристигне до крајот на деценијата. Дали тоа значи дека денешниот автомобил со мотори со согорување има само околу пет години живот? Не мора. Напротив. Човекот задолжен за одделот за технички развој на компанијата тврди дека Mk8 би можел да биде функционален до средината на следната деценија. Да, уште 11 години.
Зборувајќи со холандската верзија на списанието Top Gear, Каи Гриниц тврди дека сегашниот Golf може да остане во производство до 2035 година. Возилата со мотори со согорување можеби сè уште ќе бидат во продажните салони после тоа, но само ако тие ќе бидат компатибилни со синтетички горива неутрални од јаглерод.
Основите на сегашниот Golf се всушност постари отколку што можеби се сеќавате. Mk8 излезе кон крајот на 2019 година, но неговата MQB платформа датира од Mk7 лансирана во 2012 година. .
Зборувајќи строго за Golf Mk8, Гриниц истакнува дека тој претставува „совршеност на MQB“, така што нема причина да се развие нов. Тој призна дека сегашниот компактен автомобил имал тежок старт поради софтверски проблеми, но тие се отстранети.
Golf неодамна помина низ фејслифтинг. Гриниц тврди дека Golf сè уште би можел да биде пензиониран пред 2035 година, не нужно поради регулативите за емисии.
Дури и ако Golf Mk8 остане до 2035 година, 15-годишниот животен циклус сепак нема да биде најдолг за Golf. Mk1 лансиран во 1974 година беше заменет од Mk2 во 1980-тите, но VW изгради Citi Golf базиран на Mk1 од 1984 до 2009 година, давајќи му импресивно 25-годишно возење.