BMW ќе употребува нови ознаки на моделите

ОБЈАВЕНО НА:

BMW ја менува својата постава на модели со најавата за моделот M50 за следната генерација на X3, како што откри директорот на BMW во разговор за BMWBlog.

Бернд Кобер, виш потпретседател на брендот и одделот за управување со производи на BMW го истакна стратешкото репозиционирање на ознаката „i“ на марката за да ги нагласи електричните автомобили.

Во интервјуто за BMWBlog, Бернд Кoбер ги сподели своите сознанија за ова ребрендирање, објаснувајќи: „Додека историската употреба на ознаката „i“ од BMW е фокусирана на иновациите, а не само на електричниот погон, ние сега го редефинираме неговото значење, за воведување на електрични возила“.

Ова ребрендирање ја одразува посветеноста на BMW да ги разликува своите електрични модели преку иконскиот амблем „i“.

Така, новата X3 варијанта може да се определи за поедноставена ознака која целосно ги занемарува дополнителните натписи. Сепак, сè уште не е јасно дали BMW целосно ќе ги отфрли буквите по ознаките или ќе продолжи да ги користи за дизелските и хибридните верзии.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK