Во Струмица ќе возат електрични автобуси

ОБЈАВЕНО НА:

Струмичани годинава ќе се возат во електрични автобуси, бидејќи според договорот на ЈСП “Струмица Транспорт“ со Аутомакоднија, тие ќе добијат пет од вкупноте десет автобуси. цената на набавените возила е 1,06 милиони евра.

На тој начин градот се приклучува кон електрификацијата и зачувавњето на околината, и намалување на загадувањето на воздухот. Според јавната набавка во Струмица треба да пристигнат електрични автобуси од марката Isuzu Novociti Volt. Тие имаат капацитет од вкупно 45 места за седење и стоење.

Опсегот на движење на автобусите со едно полнење би требало д абиде околу 350 км. Имаат капацитет на батерија од 258 kWh. Тааќе биде поставена на дел од покривот на автобусот.
На брзи полначи со капацитет од 150 KW батеријат се полни за околу 2,5 часа, а на полначќ од 22 KW, полнењето би траело 11 часа.

Според dоговорот во рок од шест месеци треба да пристигнат првите 5 автобуси, а за 18 месеци од потпишување на договорот треба да пристигнат уште пет автобуси.

Пример и за другите градови да го следат овој пример.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK