Tesla пак се пофали со рекордна продажба

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата на Илон Маск испорача 466.130 електрични возила во вториот квартал

Ниските цени на Tesla и помогнаа на компанијата да постави нов рекорд и да постигне уште подобра продажба во вториот квартал од годината. Резултатите ги сподели компанијата, а според нив во периодот април-јуни се испорачани точно 466.130 електрични автомобили.

Ова достигнување бележи пораст од 83% во однос на минатата година. Благодарение на зголемените залихи, Tesla може да се пофали со јаз од 13.560 автомобили помеѓу продажбата и производството. За споредба, во изминатиот квартал оваа бројка беше над 18 илјади.

Очекувано, Model 3 и Model Y продадоа најмногу единици со околу 96% од продажбата. Поголемите Model S и Model X се одговорни за само 4%. До крајот на годината се очекува компанијата на Маск да го лансира Cybertruck, кој исто така ќе ја зголеми продажбата.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK