Tesla останува лидер на пазарот на ЕВ возила – ама сериозно и “дишат во врат“

ОБЈАВЕНО НА:

Американската компанија Tesla се уште е лидер во продажбата на електрични автомобили во САД, но нејзината доминација на пазарот слабее под притисокот на конкурентите кои нудат се повеќе модели по поатрактивни цени.

Ова го покажува статистиката, каде што во третиот квартал од оваа година уделот на Tesla на пазарот на нови електрични автомобили во САД изнесуваше 65%, додека една година претходно оваа бројка беше на нивоа од повеќе од 70% (71%), а во 2020 година процентите бркаа 80 (79%).

Според аналитичарите, до 2025 година, уделот на Tesla на американскиот пазар на електрични возила ќе падне на помалку од 20%. Во исто време, бројот на модели на електрични автомобили кои се нудат на северноамериканскиот пазар се очекува да порасне од сегашните 48 на 159 дотогаш.

Компанијата на Илон Маск се обидува да ја поправи оваа ситуација, како што беше потврдено од извештаите за развој на ажурирана верзија на Model 3.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK