Кога ќе имате спортско возило тогаш сигурно е дека ќе уживате во неговото возење, но истовремено и ќе се обидувате да го чувате што е можно повеќе. Неговото возење е празник за душата, а овој сопственик покажа дека Porsche 911 Turbo може да биде возило за „секој ден“ без притоа да се штеди.
Том Талман сака да го вози своето Porsche 911 Turbo и со секојдневното возење веќе има над 1 милион км. на одометарот. Досега има минато повеќе од 676.000 милји (1.087.916 км.).
На многуте приказни дека спортски возила не се издржливи и лесно се расипуваат моторите од прекумерната употреба за Талман не важи. Тој потврдил дека само еднаш морал да направи ремонт на моторот кога морало да се смени маслото и да се заменат некои делови. Откако моторот бил отворен се утврдило дека тој е се уште во добра форма, па останал во возилото.
Тоа е неверојатен резултат по долгогодишно секојдневно возење на автомобилот со толку високи перформанси. Во случај тоа да не е доволно импресивно, податоко е дека тој го прави тоа на далечниот североисток каде што времето не е добро познато по тоа што е љубезно кон спортските автомобили. Талман, исто така, редовно го вози автомобилот и не планира да се ослободи од него.