Audi ќе го прочистува воздухот во своите електрични автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Audi се обидува да ги направи своите електрични автомобили уште почисти, бидејќи покрај штетните емисии кои ја спасуваат природата, германскиот производител ќе се обиде да ги исчисти и честичките кои другите автомобили ги испуштаат при возење.

Тоа ќе биде направено преку пилот проект во кој Германците ќе соработуваат со компанијата Mann + Hummel за создавање комплексен систем за прочистување на воздухот.

Доколку дојде до сериско производство, системот ќе биде сместен во електричните автомобили на марката, кои ќе обработуваат ситни честички прашина, како што е онаа од сопирачките, на пример.

Проектот започнува уште во 2020 година и ќе продолжи до 2024 година, кога Audi ќе ги разгледа резултатите и ќе одлучи дали ќе продолжи со неговиот развој.

Системот е сличен на оној што е инсталиран во повеќето фабрики и некои домови и работи и кога автомобилот се движи и кога е запрен, на пример кога се полни. Тестовите покажуваат дека засега нема негативно влијание бидејќи е поставен на неколку електрични ауди со кои се извозени повеќе од 50 илјади километри.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK