Цената на половните возила зависи од – бојата

ОБЈАВЕНО НА:

Кога се продава автомобил освен неговата општа состојба, еден од факторите на кои внимаваат купувачите е бојата на возилото. Некогаш токму тоа е пресудно. А вие кога купувате автомобил не сте ни свесни дека токму бојата на возилото потоа ќе ви донесе поголема врендост при продавање.

iSeeCars спроведе темелна студија на оваа тема и откри како бојата на автомобилот влијае на неговата вредност кога се препродава на секундарниот пазар. За да ја состават оваа интересна студија, нејзините автори испитале повеќе од 650.000 автомобили и нивната историја.

Најдобрата боја за препродажба на автомобили е … жолтата. Следува портокалова, па виолетова, црвена и зелена. Но, повеќето луѓе претпочитаат бели, црни, сиви и сребрени автомобили….

Нијанси на сива боја, популарни кај купувачите на нови автомобили, се помалку интересни за клиентите на секундарниот пазар. И обратно. Светлите бои се непопуларни меѓу новите автомобили. Особено, дилерите имаат тенденција да продаваат автомобили во бои кои изгледаат „побезбедни“ за продажба. Луѓето исто така се обидуваат да земат црни и сиви автомобили, верувајќи дека подоцна ќе биде полесно да се препродаваат.

„Многу потрошувачи ги избираат овие нијанси не затоа што им се допаѓаат, туку затоа што претпоставуваат дека им се допаѓаат на сите други“, објаснува Карл Брауер, извршен аналитичар во iSeeCars. „Бидејќи ова се најчестите бои, тие не се дефицитарни и не влијаат на вредноста на препродажбата.“ Нашата студија покажува дека жолтата, портокаловата и другите светли бои се ретки на пазарот на половни автомобили. И затоа тие се повредни.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK