Цена, изглед, опрема… Што е најважно кога се купува автомобил?

ОБЈАВЕНО НА:

Во истражување спроведено во В.Британија, повеќе од половина од клиентите сметаат дека потрошувачката на гориво е најважниот фактор кога купуваат автомобил

Кога се купува автомобил секој тргнува според сопствените потреби, желби и можности. За некого најважно е автомобилот да биде во тренд, да изгледа убаво, необична боја, многу опрема… Но, откако почна да скока цената на горивото се сменија и приоритетите на купувачите. Според новото истражување спроведено од CarGurus во Велика Британија, фактор број еден што луѓето денес го земаат во предвид при купување на ново возило е – потрошувачката на гориво.

Секојдневното менување на цените на горивата на бензинските станици носи неизвесност колку ќе можеме да ставиме гориво во резервоарот, бидејќи автомобилот е потреба а не луксуз. Со сегашните цени на бензините, секое невнимателно притискање на педалата за гас е болен удар за нашиот паричник, па не е ни чудо што луѓето го менуваат своето однесување, кое започнува со изборот на следно возило.

Според студијата на CarGurus, 57% од купувачите на автомобили во Велика Британија сметаат дека потрошувачката на гориво е најважниот фактор кога размислуваат за нивното следно купување автомобил.
Потрошувачката на гориво ја симна доверливоста (55%) на второто место на листата, откако доживеа огромен скок од 47% пред да пораснат цените на горивото.

Економскиот фактор продолжува да влијае на одлуките на луѓето. Фактор број три порано беше дизајн/стил на автомобил (30%), но тој удел падна на 20% и беше заменет со даночни трошоци (25%), кои порано беа шести на листата при купување на нов автомобил.

Луѓето дури почнаа да прават компромиси за безбедносните опции само за да врзат крај со крај. Иако рејтингот за безбедност / NCAP се зголеми за една позиција на четвртото место, неговата важност всушност се намали од 22% на 21%.

Скоро четвртина (23%) од испитаниците рекле дека би купиле поекономичен автомобил доколку горивото во моментот на купувањето било исто толку скапо како денес, а речиси еден од десет (8%) одговориле дека или би купиле EV или ништо.

Речиси половина (47%) рекле дека избегнуваат непотребно патување со автомобил, 37% избрале да пешачат почесто, 18% користат јавен превоз и 12% возат велосипед. Севкупно, сопствениците на автомобили во Велика Британија возат просечно 28,6 километри помалку неделно отколку пред поскапувањето на горивото.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK