Освежување за Audi A8 – цените почнуваат од 99.500 евра па се до 144.800 за најсилниот S8

ОБЈАВЕНО НА:

Откако минатата недела, Audi го претстави најлуксузниот модел на сите времиња – A8 Horch, сега германската компанија го претстави и стандардниот A8, кој доби слични промени во надворешноста и внатрешноста. Исто така претставена е и долгата верзија A8 L. Лансирањето на пазарот на стандардната серија на А8 ќе биде во декември, а цената во Германија ќе биде од 99.500 евра. Исто така ќе може да се нарача и посилната верзија означена на S8 со цена од 144.800 евра.

За 2024 година планирано е доаѓање на целосно електрична верзија на моделот. Ова е четврта генерација на моделот А8 кој беше претставен во 2017 година, и сега дојде време за освежување од средината на неговиот животен век. Подобрувањата се прават за да може Audi да бид еконкурентен со BMW 7 и Mercedes-Benz S Class кои традиционално се ривали.

Карактеристично за фејслифтот се новите матрични светла со 1,3 милиони микро огледала, кои се грижат за нивната функционалност. Промени има и кај браникот кој доби нови отвори, како и решетката која стана уште поголема и со нов дизајн.

Задниот дел може да се пофали и со променет дизајн на OLED стоп светлата кои се стандардни за сите нивоа на опрема. За прв пат во историјата на моделот се нуди пакет S-Line, кој и дава поспортски изглед на лимузината со нови браници, тркала и решетки.

Audi A8 фејслифт

Во внатрешноста промените се минимални и најмногу се забележуваат кај дигиталната километража и дисплејот на инфозабавниот систем кои добиваат нова графика. Опционалниот head-up дисплеј е исто така една од интересните новости.

Нема значителни промени кај моторите, под хаубата на А8 ќе работат истите дизел и бензински мотори, вклучувајќи и една plug-in хибридна верзија. Тие ги возат четирите тркала преку чекор-по-чекор автоматски менувач.

A8 може да биде опремен со околу 40 системи за зголемување на удобноста и безбедноста, ќе биде достапен во три верзии на мотори – A8 55 TFSI quattro со 340 коњски сили, A8 60 TSFI quattro и A8 L 60 TFSI quattro со 460 коњски сили и S8 TSFI quattro со 571 коњски сили 800 Nm и можност за забрзување од 0 до 100 km/h за само 3,8 секунди.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK