Ова се петте најевтини автомобили во светот

ОБЈАВЕНО НА:

Сите сакаат да возат нов автомобил, но многу возачи не можат да си дозволат купување и одржување на скапи автомобили. Затоа светската автомобилска индустрија нуди лесни автомобили за секој џеб.

Во зависност во кој дел од земјината планета живеете сигурно дека е различна листата на најевтините автомобили што може да се купат. Специјализираниот портал саr.ru престави листа на нискобуџетните модели односно петте најевтини автомобили во светот.

Маrutі Ѕuzukі

Маrutі Ѕuzukі Аltо e aвтoмoбил кој беше првпат произведен  во 2012 година. Моделот е лидер во продажбите на индискиот пазар, а цената му е само 4.100 долари. Купето располага со пет места. Максималната брзина е 126 километри на час.

Renault Kwid

Овој модел е претставен и се продава успешно на индискиот пазар. Изгледа солидно, ако се има предвид и дека цената е само 3.900 долари. Компанијата го разви овој хечбек во 2015 година.

Сhеvrоlеt Ѕраrk

Тоа е модел на Dаеwоо, кој првпат беше претставен во 1998 година. Во 2002 година е купен и модернизиран од General Motors. Цената на тој автомобил е 4.400 долари. Опремата вклучува воздушни перничиња, клима и камера за рикверц.

Ноng Guаng Міnі ЕV

Најевтиниот електричен автомобил во светот е кинескиот Ноng Guаng Міnі ЕV, чија цена е 4.400 долари. Моделот е создаден минатата година. Сега еколошкиот автомобил е на 2. место по продажби на внатрешниот кинески пазар.

Lada

Рејтингот на буџетните автомобили не може целосно да се претстави без рускиот автомобил Lаdа Grаntа. Во принцип конфигурацијата на автомобилот се оценува на 6.200 долари (452.000 рубљи. Затоа и првичниот модел имал рзлично име „Lоw соѕt“ („Hиcĸa цeнa“).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK