Haval претстави луксузен купе кросовер

ОБЈАВЕНО НА:

Моделската линија на Haval доби нов модел. На автомобилскиот саем во Ченгду, брендот го претстави кросоверот Haval H6S, чии продажби почнуваат веднаш после завршување на настанот.

Новитетот се раликува од основниот модел со силно закосен заден прозорец, кој го прави да изгледа како лифтбек барем во профилот. Покрај тоа крос-купето е за 50 мм пониско од основната верзија. Висината е 1.680 мм. Во исто време растојанието меѓу оските е зголемено од 2.738 мм на 2.800 мм.

Предниот дел на H6S изгледа поагресивен. Основната конфигурација веќе вклучува матрични фарови. Има и разлики кои прават кросоверот да биде различен од основниот. На пример црвениот мост“ меѓу задните светла е исчезнат.

Иако разликите однадвор се повеќе од доволни, на кабината нема големи подобрувања. Сепак, вреди да се одбележат импресивните разлики во декорот и новите спортски седишта.

Новитетот ќе биде придвижен од 2.0-литарски мотор со 218 КС, во комбинација со седумстепен роботизиран менувач. Погонот е напред или на сите тркал, зависи од опцијата. Покрај тоа, Haval H6S е првиот кросовер на производител со хибриден погон L.E.M.O.N. DHT. Тој се состои од 1.5-литарски мотор со турбокомпресор и два електромотори, а секој од нив е одговорен за сопствената оска. Вкупната моќност на хибридниот агрегат е 243 КС.

На местото на традиционалниот менувач е монтира двостепен роботизиран менувач. Хибридот Haval H6S забрзува од 0 до 100 км/ч за 7,5 секунди.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK