Новата BMW M2 доаѓа следната година

ОБЈАВЕНО НА:

BMW веќе следната година ќе ја претстави новата генерација на купе изведбата на M2 моделот чија основна верзија беше претставена минатиот месец. Германските медиуми пишуваат дека премиерата може да се случи на некој од најавените саеми, а во производство би влегла во декември истата година.

Неколку медиуми објавија рендер од моделот на оваа верзија, но сите тие се на ниво на шпекулација. Иако е неофицијално, сепак се поизвесно е дека овој модел под хаубата ќе дојде со 3,0 литарскиот шестцилиндрен twin-turbo мотор кој доаѓа со стандарден шест степен мануелен или осум степен автоматски менувач како и погон на задните тркала.

Со овој мотор, овој автомобил ќе располага со околу 400 КС, но во понудата ќе има место и за Competition верзијата која би требало да продуцира 450 КС.

За потестување, првата генерација на ова BMW со назнаката М2 беше претставена во 2015 година врз основа на концепт кој беше претставен 13 години претходно. Како индиректен наследник на BMW M1, овој автомобил од субкомпактната Ц класа покажа задоволителна продажба. Интересно е што дизајнот на овој автомобил е дело на Хусеин Ал-Атар што е првиот дизајнер од арапскиот свет кој дизајнирал автомобил од овој бренд.

 

Во меѓувреме одговорете на нашата анкета

[totalpoll id=”67093″]

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK