Џиролами седми на Спа – второпласиран во генерален пласман во TCR Europe

ОБЈАВЕНО НА:

Франко Џиролами, возачот на македонскиот тим на PSS Racing го задржа второто место во генерален пласман во првенството на TCR Europe иако на втората трка на Спа го освои седмото место. Во услови кога пред почетокот на трката врнеше дожд на Спа, па требаше вистинска одлука со какви гуми да се вози. Тргна од 4. место, најчесто беше седмопласиран а во последниот круг иако за момент беше 8. на целта стигна едно место погоре.

Бидејќи трката беше прогласена за „влажна“ се почна со безбедносно возило без класичен старт од место. Сите се решија за различни гуми, на оние за влажни и суво време освен Клим Гаврилов кој требаше да стартува како прв, вклучувајќи го и Хомола кој реши да вози со четири мазни гуми.

Џиролами имаше неколку битки, па дури и блиски контакти, со Тауфик но за среќа и двајцата продолжија, иако за момент излегоа малку од патеката и провозеа на зелениот дел. Џиролани го задржи соето место и освои нови боди за себе и тимот на PSS Racing.

Победник на трката беше Шпанецот Мајк Аскона, кој освои максимален број бодови на двте трки на Спа и го зацврсти своето место на лидерската позција. Ова е негова прв двоен триумф“ сезонава, а го повтори успехот од лани кога исто така беше најдобар на двете трки на Спа.


Во генерален пласман на возачи води Аскона со 230 бода, пред Џиролами кој има 200, Беннаи има 183, Лангеверд 163, Коронел 154 итн.

Следната трка од TCR Europe се вози на 4 и 5 септември во Германија на патеката Нирбургринг.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK