За оние кои не се задоволни со 320 коњски сили и 420 Nm кои се развиени од 2.0-литарскиот TSI мотор во Golf R, ABT Sportsline нуди решение.
Станува збор за новата ABT ECU единица која овозможи зголемување на силата на Golf R на 384 коњски сили и 470 Nm вртежен момент, што дефинитивно не е безначајно унапредување.
ABT наскоро ќе понуди и уште повеќе спортска суспензија и нов издувен систем за Golf R, а во понудата се и опциски нови 19 и 20-инчни бандажи.
Volkswagen Golf R
Подесувачот може да ја зголеми силата на Golf GTI на 290 коњски сили и 410 Nm, како и GTD модел на 230 коњски сили и 440 Nm. Во случајот на верзијата Clubsport, таа после ABT третманот развива 360 коњски сили и 450 Nm.