Потврдено: VW Golf најпродаван автомобил во првите пет месеци годинава

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата JATO која се занимава со спроведување на најразлични истражувања во автомобилската индустрија, ги објави продажните бројки за првите пет месеци од годинава во Европа.

На листата најпродавани модели доминираат хечбек автомобилите и малите градски автомобили, а најпродаван модел е новата генерација на Volkswagen Golf кој е продаден во 99.259 примероци што претставува пораст од 3,8% во однос на претходниот период.

На втората позиција на најпродавани автомобили е Peugeot 208 со продадени 95.585 примероци, а во мртвата трка за врвот е и новата генерација на Toyota Yaris која е продадена во 92.559 примероци што е пораст од 65,8%. Во најпродаваната петорка доминираат уште два француски модели и тоа Peugeot 2008 и Renault Clio со продадени 88.041 односно 87.558 примероци.

Од позицијата број шест до позицијата број десет се наоѓаат: Opel Corsa, Volkswagen Tiguan, Volkswagen T-Roc, Citroen C3 и Skoda Octavia.

Volkswagen AG доминира во конкуренција кај производителите со продадени 1.351.888 нови автомобили, а на следната позиција следи Stellantis кој за прв пат е втор производител на листата со 1.121.999 нови автомобили. Следи Renault-Nissan со 546.000 продадени автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK