Tesla го одложува отворањето на европската фабрика

ОБЈАВЕНО НА:

Tesla активно работи на изградбта на првата своја фабрика на европско тло. Иако се очекуваше почетокот на производството да започне на 1 јули 2021 година, сепак истото е одложено.

Неименувани претставници на американскиот производител за неделникот Automobilwoche изјавија дека почетокот на производство сега ќе започне кон крајот на оваа година.

Гигафабриката која се наоѓа во близина на Берлин, минатиот месец прекрши неколку прописи при изградбата поради што главното и одговорно лице доби отказ од Илон Маск. Влијание врз доцнењето има и притисокот од локалните еколошки групи кој често протестираат, но и праќаат инспекции на локацијата каде што се гради. Причината за тоа е што во непосредна близина се наоѓа езеро со чиста вода, а при изградбата исечени се илјадници дрва.

Инаку во оваа фабрика ќе работат 12 илјади работници, бројка која официјално беше обелоденета минатиот месец.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK