Десетте најважни причини поради кои возачите и совозачите најмногу се караат

ОБЈАВЕНО НА:

Европското истражување спроведено на 2.000 возачи се занимаваше со караници во автомобилите, што е многу честа појава. Се караат сопружници, се караат партнери, се караат и деца и родители, деловни партнери…

Истражувањето било спроведено од Nissan и откри што кај возачите најмногу им пречи на совозачите и другите патници во возилото.

Користењето на мобилен телефон во текот на возењето е на прво место, а потоа следуваат акции кои се поврзани со агресивниот стил на возење, па сè до 10. место на кое е заморот на возачот, кој не се откажува…

Топ 10 најиритирачки работи кај возачот – според сопатниците

-Користење на телефон во текот на возењето

-Возење на опашката (преблизу до автомобилот пред вашиот)

-Опасно претекнување

-Кочење во последен момент

-Непотребно остро и нагло кочење

-Брзина

-Пропуст да се вклучи трепчак за вртење

-Монополизирање на брза лента

-Моноплизирање на средна лента

-Возење додека сте преморени

Сигурно дека вие се карате со вашиот сопатник и за некои други работи, но најважно е додека се возите вашето внимание да биде целосно насочено кон сообраќајот и условите на патот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK