Мет Вотсон и carwow објавија уште едно интересно видео кое за 24 часа на нивниот YouTube канал прибраа половина милион прегледи. А сега таа бројка е многу поголема.
Се работи за видео на кое се прикажани најбрзите автомобили во секој од сегментите односно по тип на автомобил.
Прикажани се вкупно 14 автомобили, а видеото започнува со најбрзиот градски автомобил – Abarth 595 кој до стотка забрзува за 6,7 секунди. Во конкуренција на супермини автомобили најбрз е Toyota GR Yaris која до стотак забрзува за 5,5 секунди.
Во видеото место има и за Mini GP, Mercedes AMG A45 S, Lamborghini Urus…Комплетното 10 минутно видео може да го погледнете во продолжение.