Peugeot со ново лого – потврда за новите страници во историјата

ОБЈАВЕНО НА:

Лансирано во 2010, моменталното лого на Peugeot мораше да се промени со цел да се круниса издигнувањето на брендот повисоко на пазарот. Откако целосно ги обнови своите возила во последните 10 години, PEUGEOT го редизајнира своето лого за да биде во чекор со своите производи.

На почетокот на 2021 година, со лансирање на гамата што ќе ја предводи новиот PEUGEOT 308, со нова веб-страна и создавањето на STELLANTIS, ѕвездите се поклопуваат. На 25 февруари 2021 година, PEUGEOT го претстави своето ново лого: грб со ликот на лав. PEUGEOT од 1850 година има десет последователни логоа, од кои сите се со амблемот на лав.

Денес единаесеттата верзија, уште поедноставна, поквалитетна и поелегантна, штотуку креирана од PEUGEOT Design Lab, студиото за глобален дизајн на Брендот PEUGEOT. Овој нов грб со ликот на лав отсекогаш бил дел од брендот. Гордо зрачи и ги истакнува вредностите на брендот PEUGEOT.

Ова лого е дизајнирано да трае. А неговото значење е следно: безвременска, универзална и мултикултурна форма на идентитет. Од африканските племиња до големите куќи во Франција и Европа, грбот претставува симбол на неговиот носител, со цел подобро да се идентификува.

Тоа е препознатлив симбол на припадност, на признавање. Тоа е синоним за престиж, доверба, долговечност и потекло. Со него и својот нов визуелен идентитет, PEUGEOT ја спојува историјата и хипер-модерноста. Со овој грб, брендот PEUGEOT се стреми да освои нови земји, да го забрза својот меѓународен раст, извезувајќи француски стил и знаење, како и француска елеганција.

Брендот PEUGEOT врти нова страница во својата историја. Нова ера. Сега има нова задача и одговорност кон своите клиенти: да го трансформира нивното време поминато со Брендот, во квалитетно поминато време.

Да се доживее новиот идентитет на PEUGEOT, значи да се доживеат две искуства во едно: Прво, тоа значи да се живее во моментот. Во свет кој постојано се движи сè побрзо и побрзо, „времето“ стана еден од најретките, најскапоцени благодети.

Во овој свет, PEUGEOT им овозможува на оние кои сакаат да го сторат тоа, вистински да уживаат во сегашниот момент и да го искористат сето она што го нуди, да се има целосно, висококвалитетно искуство.

Возилата, импортерите/дилерите, производите, веб-страните, комуникациите, надворешните реклами… Сите овие елементи се контактни точки со Брендот што се поставени и усогласени во рамките на еден, разбирлив и мултифункционален систем.

Што се однесува до веб-страната, полека прераснува во „он-лајн продажба“ директно поврзувајќи се со корисниците. Едноставна, ефективна, интуитивна, извонредна, високо визуелна, динамична и деловно ориентирна, овозможува совршено флуидно искуство при продажба. Нејзините карактеристики Ви овозможуваат да сторите сè што вообичаено би направиле кога сте во продажниот салон, но овој пат oн-лајн: откривање, конфигурација, продажба, договори, финансирање, замена старо за ново итн.

Времето поминато он-лајн, со PEUGEOT, е корисно и ефективно.

Што се однесува до импортерите/дилерите, сега претставуваат место за уште почовечно, уште повизуелно и уште поедукативно искуство. Целта е да се доживее забрзување на енергетската транзиција во конкретни услови, за да се откријат нови опции за мобилност и нови технологии.

Соопштение на Еуроимпекс

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK