Почнаа испораките на Volkswagen ID.4 – доаѓа и спортската верзија ID.4 GTX

ОБЈАВЕНО НА:

„Се надеваме да испорачаме многу повеќе од 100.000 примероци од ID.4 до клиентите само во текот на оваа година. Веќе добивме 17.000 нарачки за автомобилот“, вели Клаус Зелмер, член на бордот на одделот за Продажби на Volkswagen Passenger Cars.

После завршувањето на претпродажбата на пилот серијата 1ST на втората понуда на пазарот на целосно новото и 100% електричното семејство на автомобили ID на Volkswagen- моделот ID.4, брендот означи почеток на претпродажбата на стандардните верзии на електричното возило во околу 30 европски држави, како и во САД. Првите испораки до клиентите на автомобилот се очекува да бидат извршени во март во Европа и во Кина, а од средина на гоината и во Земјата на неограничените можности – САД.

„ID.4 игра важна улога. Со овој модел Volkswagen ја прошири својата понуда на електромобили во најголемиот растечки сегменг, компактните теренци. Поради оваа причина пазарното лансирање на нашиот светски автомобил е стратешко постигнување за брендот“, вели Ралф Брандштетер, извршен директор на Volkswagen.

„Се надеваме да испорачаме многу повеќе од 100.000 примероци од ID.4 до клиентите само во текот на оваа година. Веќе добивме 17.000 нарачки за автомобилот“, вели Клаус Зелмер, член на бордот на одделот за Продажби на Volkswagen Passenger Cars.

Од Volkswagen објавија дека од планираните испораки за 2021 година, околу две третини ќе бидат за европскиот пазар, додека другите ќе бидат за Кина и САД. Во Кина моделот ќе се нуди во две варијанти – ID.4 CROZZ и ID.4 X.

Основната цена на Volkswagen ID.4 за Германија е одредена на 38.450 евра за верзијата ID.4 Pure Performance, додека на локално ниво клиентите можат да сметаат на предност за купување од 9.000 евра.

Клиентите можат да избираат меѓу две верзии на батерии  – со 52 kWh и со 77 kWh, како и две верзии на моќност  – со 170 или со 204 коњски сили. На подоцнежна етапа во оваа година ќе биде лансирана поспортска верзија ID.4 GTX со погон на четири тркала.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK