Првата сериозна снежна покрива веќе ги прекри улиците па затоа е важно да се биде добро подготвен. Не смее да се дозволи да надвладее стравот и едноставно само треба да се биде доволно внимателен и подготвен во исто време.
А кога ќе седнете зад управувачот треба да знаете како да возите, што да очекувате и како да се однесувате. Тоа е осбено важно за безбедноста во сообраќајот, вашата и н адругите учесници.
Бидете на штрек, забавете и задржете ја контролата над возилото.
Ова се трите клучни елементи за сигурно возење во текот на зимата. Таа е предизвик за многу возачи. Затоа возете според условите на патиштата и според климатските услови бидејќи може биде навистина непредвидливо на патот.
Безбедноста е најголемиот приоритет
Возењето во зимски услови бара исклучително многу особено високо ниво на подготвеност на вашето возило и вашите возачки способности. Затоа добро подгответе се за зимски услови.
Размислете за користење на зимски гуми
Зимските гуми ја подобруваат безбедноста во возењето бидејќи обезбедуваат подобар контакт со подлогата, кочење и управување во текот на поледица и снег, а особено на мраз. Поставувањето на сите четири зимски гуми обезбедува подобра контрола и поголема стабилност.
Бидете свесни за своите ограничувања и ограничувања на другите возачи
Останете концентрирани на она што се случува околу нас. Прилагодете ја брзината на возење на постоечките услови и држете безбедна далечина од возилото пред вас. Избегнувајте ситуации во кои морате нагло да кочите на лизгави површини.
Сопирање
Морате да го предвитите кочењето со проценка за доволно долга површина за запирање. Избегнувајте нагло кочење и возење со големи брзини. Немојте да правите нагли движења и избегнувајте нагло забрзување (тоа мора да биде постепено и да не е преголемо). Обидете се постепено да кочите за да го спречите блокирањето на тркалата.
Ако тие почнуваат да блокираат, возилото ќе почне да лизга и ќе ја загубите контролата над него. Ако дојде до тоа тогаш отпуштете ја папучата на кочницата, а потоа користете наизменично кочење со моторот и пристискајте ја папучата за кочница. За смалување на опасноста од лизгање низ брдо, користете повисок степен на пренос од вообичаениот при возење на суво.
Движење на возилото на снег
За да ја спречите опасноста од лизгање при движење на снег, важно е постепено да забрзувате. Ако тркалата почнат да лизгаат, вклучете го следниот повисок степен на пренос за смалување на силата која се применува на тркалта. Така ќе можете едноставно да тргнете.
Во свиок
Забавете на рамниот дел, пред влегувањето во свиоците за да можете да избегнете лизгање на тркалата и губење на контрола над возилото при влегување во свиоците. Возете полека и одржувајте ја брзината.
Губење на контролата на предните тркала
За добро држење на патот во случај на губење на контролата над управувачот на предните тркала, смалете ја брзината со кревање на ногата од папучата за гас. Ако е потребно, малку притиснете на кончницата без притоа да ги блокирате тркалата.
Губење на контрола на задните тркала
Ако задните тркала не го држат правецот (додека предните се движат добро), на возилата со погон на предните тркала лесно забрзувајте за враќање во баланс.. На возилата со погон на задните тркала, полесно кренете ја ногата од папучата за гас, за да можете задните тркала повторно да ги вратите во баланс. После тоа повторно лесно забрзајте за да ја одржите брзината на возењето. Во никој случај не смеете да кочите бидејќи така ќе создадете дисбаланс на задните тркала.