Skoda Kushaq пристигнува во март – специјално развиен за Индија

ОБЈАВЕНО НА:

Уште на крајот на минатата година Skoda го најви доаѓањето на малиот кросовер Kushaq. При тоа не беше откриен изгледот.

Сега, чешкиот производител потврдува дека премиерата ќе се случи во март годинава, а притоа се објавени и првите официјални фотографии од маскираниот модел.

Овој модел се базира на MQB-A0-IN платформата и е специјално развиен за пазарот во Индија. Должината изнесува 4.256 мм, висината 1.589 мм додека пак меѓуоскиното растојание 2.651 мм.

Под хаубата доаѓа со 1,5 литарскиот TSI бензински мотор кој продуцира 150 КС. Во комбинација доаѓа и со мануелен и со автоматски DSG менувач. Индијците ќе може да го одбираат и помалку моќниот 1,0 литарски трицилиндрен агрегат како и верзијата на CNG.

Цената останува непозната.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK