Секоја година француската полиција казнува стотици илјади британски возачи поради направен сообраќаен прекршок на територијата на Франција. Во 2015 година Европската Комисија донесе закон со кој било која држава во ЕУ може да наплати сообраќајна казна на прекршител од било која друга земја членка на ЕУ.
Според некои информации, годишно, француската полиција од државјани на Велика Британија наплатува казни во висина од 50-тина милиони евра.
Сепак, излегувањето на Велика Британија од Европската Унија може да ги спаси Британците од плаќање на казна. Тоа може да се случи доколку Лондон и Брисел не постигнат договор по сите точки предвидени во договорот за излез од Европската Унија.
Доколку се случи тоа, значително ќе биде олеснат и буџетот на Велика Британија бидејќи ниту ова Кралство нема да може да ги наплати казните извршени од жители на другите земји на Европската Унија.