Податоците од годишното истражување на BloombergNEF покажуваат дека цените на литиум-јонските батерии за електромобили паднале за импресивни 89% во последните десет години.
Статистиката покажува дека додека во 2010 година 1 kWh по модул на батеријата чинел над 1.100 американски долари, додека минатата календарска година цената била 137 долари. Очекувањата се да достигне просечна цена од околу 100 долари до 2023 година. Само во 2020 година, просечната цена паднала за 13 проценти.
Прогнозите на BloombergNEF се за просечна цена од 101 долар за kWh до 2023 година, што може да доведе до израмнување и тоа без соодветените државни преференции на некои пазари, на крајната цена на електричните возила со соодветни пазарни понуди, исполнети со класичен мотор со внатрешно согорување.
Според студијата на BloombergNEF, во 2020 година првпат била регистрирана цена на kWh од под 100 долари, а таков е случајот кај електричниот автобус, лансиран на најголемиот пазар на електромобили во светот – Кина. Просечната цена на kWh кај електричниот автобус во земјата е малку повисока и е на ниво од 105 долари.