Toyota Corolla Cross со 5 ѕвезди на краш тестот на ASEAN NCAP (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Toyota Corolla Cross освои максимални, пет од пет ѕзведи на краш тестот на ASEAN Ncap кој е панда на Euro Ncap краш тестот.

Најдобар скор освои во поглед на безбедноста на возачот и тоа од 45,85 поени. 22,63 поени освои во однос на безбедноста на децата на задната клупа додека 20,14 поени во поглед на безбедносната асистенција.

На тестот кој се спроведе во лабораториајта во Џари, се најде моделот со стандардно ниво на опременост и 1,8 литарски мотор.

Инаку овој модел кој се базира на моделот Corolla, во производство се појави во јули минатата година, во Тајланд и Тајван, а се продава во повеќето земји во југоисточна Азија. Засега се уште не е потврдено дали овој модел ќе биде дел од европската понуда на Toyota.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK