Од производствените погони на фабриката на Lamborghini во Сантa Агата Болоњезе, излезе првиот примерок на моделот Sian, а истиот е испорачан на купувач во САД.
Според техничките карактеристики, овој суперавтомобил опремен е со иновациски хибриден погонски систем со V-образен, 12-цилиндричен мотор, компактен електромотор и иновациски суперкондензатор, со општа максимална моќност која изнесува 819 коњски сили.
До стотка забрзува за 2,9 секунди и може да развие максимална брзина од над 350 км/ч.
Италијанскиот производител и претходно потврди дека Sian ќе биде произведен во лимитирана серија од 63 примероци, а секој од нив ќе биде персонализиран целосно според барањата на клиентот.