VW Caddy веќе има петта генерација

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот Caddy од Volkswagen Commercial Vehicles веќе се нуди во Германија. Петтата генерација на бестселерот почнува со варијанти комби, семеен микробус, градски фургон за достава и на почетокот на 2021 година исто така како кампер.

Првпат универзалниот модел се базира на модулната платформа (MQB), а се користи и во Golf 8. Многубројните нови технологии го наоѓаат своето место во новото Caddy. Пуштањето на пазарот тргнува овој месец во Германија, Белгија и Луксембург.

Први што ќе бидат испорачани се варијантата со 2.0-литарскиот TDI со погон на предните тркала, со опции за моќност 75 кВт/102 коњски сили, 90 кВт/122 коњски сили или со 55 кВт/75 коњски сили. Во текот на следната сезона, новоравиената Caddy California исто така ќе го прошири опсегот на серијата од јаунари во 2021 година.

На почетокот на годината ќе следат исто така и комерцијални верзии на Caddy – карго, комби и фургон, како и 1,5-литарски TSI бензинова варијанта, Caddy со DSG и Caddy во таксиметарска варијанта.

Во зависност од верзијата, Volkswagen Commercial Vehicles исто така ќе ја нуди петтата генерација на Caddy со 4MOTION погон на сите тркала од пролетта во 2021 година, а тоа важи и за камперот Caddy Калифорнија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK