Honda ја претстави хечбек изведбата на моделот City

ОБЈАВЕНО НА:

Откако Honda минатата година ја претстави седмата генерација на седанскиот модел City, сега ја претстави и хечбек изведбата именувана по овој модел.

Дизајнот на хечбекот е инспириран од самиот седан, но со изменети димензии. Должината изнесува 4.345 мм, додека пак меѓуоскиното растојание 2.589 мм.

Во понудата доаѓа со два бензински, еден дизелски и два комбинирани хибридни мотори. Основниот 1,0 литарски трицилиндрен турбо бензински мотор продуцира 122 КС и 173 Nm обртни моменти. Тука е и 1,5 литарскиот бензински и 1,5 литарскиот дизелски мотор кој е достапен само во Индија.

Од останатата опрема доаѓа со 8,0 инчен екран осетлив на допир, шест воздушни перничиња, LED предни и задни светла, алуминиумски 16 инчни тркала, темпомат и бројни системи за безбедност.

Овој модел за прв пат во понудата на јапонскиот производител е воведен уште во 1981 година и оттогаш па се до денес активно е дел од понудата на Honda. Шестата генерација е дел од понудата на Honda во Бразил, Кина, Индија, Јапонија, Малезија, Филипини, Сингапур, Тајван, Тајланд, Виетнам и околните земји, а оваа хечбек изведба не се очекува да биде дел од европската понуда иако Honda практично нема претставник во овој сегмент во Европа.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK