сабота, 26 март, 2026 година

Новиот VW Golf добива уште почист дизел

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Производителот од Германија, Volkswagen подготвува нова генерација на почисти дизел мотори. Во нивната основа е моторот 2.0 TDI Evo од семејството EA288, кој веќе се поставува на обновениот VW Passat и ќе се појави кај новиот VW Golf, чија премиера ќе се случи во октомври.

Инженерите на компаниајта ја измислиле иновациската технологија SCR (селективно каталитичко прочистување), благодарение на кој се постигна значително намалување на азотниот оксид во издувните гасови.

- Advertisement -

Процесот се нарекува „twin dosing“ (двојно дозирање), а со негова помош се намалува нивото на азотен диоксид за 80% во споредба со досега користената технологија. Системот SCR едноставно го раствора азотниот оксид и го претвора во безопасен азот и водена пареа.

Кај обновениот VW Passat (на фотографијата), кој се нуди во Европа, дизел моторот со моќност од 150 коњски сили достигна потрошувачка на горивото околу 3,9 л/100 км за седан. Кај комбито Passat Variant овој показател е 4,0 л/100 км, тврдат от компанијата-производител.

Се планира новата технологија да биде користена и кај други модели на брендот, опремени со 2.0 TDI Evo. Кај нив ќе биде и осмата генерација на Golf, чии продажби на Стариот континент треба да почнат до крајот на годината.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја