Правдата секогаш излегува на виделина, а полицијата не секогаш е лоша кога е во прашање барањето на украдени автомобили. Полицијата од Австралија врати украден автомобил Holden Torana од 1992 година на 74 годишна жена. Пензионерката Карол Ричардс го купила розевото купе во 1973 година и му дала име Sexy Lexy поради невообичаената боја.
Жената не само што го возел автомобилот секој ден туку и учествувала во аматерски натпревари. Кога и бил украден, Карол страдала премногу. Во период од три децении никако немало трага од автомобилот.
Полицијата успеала да влезе во трага дури во 2016 година и тоа на криминална група која се занимавала со кражба на автомобили, модифицирање и препродажба со изменети броеви. Розевиот Holden се покажал како дел од оваа шема.
За автомобилот се дознало од страна на колекционер кој го купил автомобилот. Тој открил дека има неточни податоци во документацијата и веднаш се поврзал со властите.
За кражбата е уапсен 50-годишен маж кој бил осуден на две години затвор и казна во износ од 560.000 австралиски долари (337.000 евра).
Возилото е вратено кај сопственичката а истото е проценето на 90.000 долари односно 54.174 евра. Карол вели дека за ништо на светот повторно не би се разделила со Sеxy Lеxy.