Олдтајмерите од брендот на Toyota обично не предизвикуваат голем интерес кај колекционерите, не толку голем како оние на Ferrari, Porsche, Alfa Romeo…
Сепак аукциската куќа RM Sotheby’s успеа да продаде примерок од Toyote 2000GT од 1967 година за 912.500 долари.
Почетната цена за овој автомобил кој за прв пат бил купен од американскиот возач Ото Линтон изнесувала 850.000 долари, но и покрај големата почетна цена, на крај е постигнато зголемување од само 62.500 долари.
Автомобилот како што може да се види и од фотографиите е одлично сочуван. Доаѓа со Solar Red боја и број на шасија MF10-10100 и претставува само еден од само 62-та примероци наменети за американскиот пазар.
Инаку овој модел се произведувал во периодот од 1967 до 1970 година, а во фабриката во Ивата (Јапонија) каде единствено се произведувал, произведени се вкупно 351 примерок.

Следете не и на:

