Страшно видео доаѓа од Велика Британија – со 160 км/ч возел во спротивна насока во населено место. Овој настан се случил на улиците во Сандерленд, а овој неодговорен потег е дело на 27 годишниот Арон Лија.
Тој со црн Mercedes поради непознати причини возел во спротивна насока, а целиот тој настан бил снимен од мотоциклист кој возел прописно.
Видео записот неименуваниот мотоциклист ја доставил до локалната полиција која ја искористила како прилог во суд. Казната на Лија ќе биде објавена на 23 октомври.
Некогаш е предност да се има камера во возилото и да се снима она што се случува надвор.