Volvo Cars со раст од 4,8% во септември

ОБЈАВЕНО НА:

Продажбите низ целиот свет на Volvo Cars во септември имаат зголемување од 4,8% во споредба со истиот месец во 2019 година. Вкупната реализација на брендот има достигнато ниво од 67.636 автомобили, а главен мотор на бизнисот на брендот се нејзините СУВ понуди.

Во септември, Volvo запиша пораст во продажбите на основните пазари, како Кина (+15.9% до 17.292 примероци) и САД (+10.2% до 10.274 единици), а во Европа и другите пазари се забележуваат стабилни позиции од 2019 година.

Најпродаваното возило од Volvo во септември е XC40, а потоа следуваат XC60 и XC90, а како резултат на сите тие СУВ моделите формираат 69,8% од вкупниот бизнис на компанијата.

На крајот од првите девет месеци од годината Volvo XC40 забележа 121.905 реализирани единици во споредба со ланските 95.475 возила. XC60 запиша вкупно 131.091 примерок, додека на трето е XC90 со 61.327.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK