Поради тоа што Македонија се уште е на листата на високо ризични земји на македонските граѓани им е оневозможено да патуваат во Европа, а со тоа и нема да можат да настапат на некои важни натпревари. Тимот на PSS Racing и Виктор Давидовски ќе мораат да ја пропуштат трката од TCR Europe првенството овој викенд во Барселона.
Нашиот тим сезонава единствено успеа да добие дозвола за патување во Италија и таму Давидовски имаше одлично прво возење каде се пласираше на 9 место. Сличен пласман ќе имаше и на втората трка, но во последниот круг на неколку свиоци пред крај возилото имаше дефект и мораше да се откаже.
На првата трка Давидовски се искачи на подиумот и го доби трофејот на Јокохама Дајмонд за натпреварувачи над 40 години, како најдобро пласиран возач во таа класа.
Давидовски е единствениот Македонец што настапува во првенството на TCR Europe едно од најпрестижните тркачки серии. Сезонава поради Ковид-19 има само шест трки. На првите две во Франција и Белгија немавме натпреварувач, а доколку се биде во ред на последните две трки на Спа на крајот на октомври и плус уште една трка во Шпанија на почетокот на ноември.
https://www.facebook.com/pssracingteam/photos/a.2501200776771759/3340401972851631/?type=3&theater