Дали е рекорд: Во Гостивар полицијата напиша 60 казни за 60 минути

ОБЈАВЕНО НА:

Ако мислиме дека полицијата „тренира строгост“ само во Скопје, акцијата спроведена во Гостивар покажа дека и надвор од главниот град поради слични причини се пишуваат казни. И, интересно е што за 60 минути се напишани 60 различни казни.

Полицијата почна со спроведување на засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и во другите градови, меѓу кои и Гостивар.

„Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици, како што се управувањето на возило под дејство на алкохол, возење со брзина над дозволената, недавањето првенство на минување на возила и пешаци и сл.,а се санкционираат и возачите на мотори кои не ги почитуваат правилата“, изјави Тони Ангеловски портпаролот на МВР.

Тој апелираше до граѓаните на Гостивар да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

„Само за еден час во денешната акциска контрола во Гостивар изречени 60 санкции, пред се за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола и др. “, соопшти Ангеловски, кој потенцира дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, а целосните податоци од денешната засилена акциска контрола ќе бидат презентирани утре.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK