Нема мрдање! Сите F1 тимови остануваат до 2025 година

ОБЈАВЕНО НА:

Во време кога Формула 1 шампионатот се соочува бројни промени во поглед на календарот поради пандемијата од коронавирусот, а се наоѓа и во неизвесност поради самата неизвесност поврзана со развојот на пандемијата, организаторот соопшти дека сите тимови го потпишале т.н. договор Конкорд.

Станува збор со кој сите актуелни тимови кои се натпреваруваат во овој шампионат ќе учествуваат и во наредните пет сезони односно заклучно сезоната 2025. Тоа најпрво го направија Ferrari, Williams и McLaren, а потоа и сите останати тимови.

“Договорот ќе обезбеди долгорочна одржлива иднина на Формула 1 во комбинација со сите нови правила најавени во октомври 2019 година, а кои стапуваат на сила од 2022 година. Истите ќе ги намалат финансиските разлики и ќе ги следи разликите помеѓу тимовите на стазите, со цел изедначување на теренот” стои во соопштението на организаторот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK