CityHawk – новиот летeчки автомобил (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Многумина отсекогаш сакале да видат летечки автомобил, а сега и тоа ќе биде можно. Urban Aerodinamics исфрли проект CityHawk, електричен летечки автомобил.

Судејќи според фотографиите, ќе има два резервоари со водород и две горивни ќелии со помош од два електромотори кои ќе можат да испорачаат 939 коњски сили.

Внатрешните ротори се наречени „Fancraft technology“ и нивната намена е да се унапреди стабилнoста, брзината на безбедност и секако контрола над возилото додека се пригушува бучавата.

Најголемата брзина се проценува на 201 км/ч и ќе може од едно полнење да се прејде околу 161 километар, што и не е премногу далеку, но е осмислено на почеток да биде некој вид на летечко такси.

Има места за до пет петници, а доколку нешто не појде како треба постојат падобрани кои CityHawk ќе го спуштат безбедно на земјата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK