Многу е важно да се знаат некои работи поврзани во автомобилот, особено со некои од сигнализациите на командната табла. Оттаму треба да знаете што треба да направите доколку при возење ненадејно на инфо екранот се вклучи порака Service Now односно порака која ви најавува дека е време за заминување во сервис. Што треба да направите?
Тоа не значи дека морате да престанете со возење, но пред продолжението на патувањето е потребно да направите некои активности и контроли.
–Контролирајте го нивото на масло во моторот и другите течности, но доколку не сте сигурни како да ги направите овие контроли од помош ќе ви биде книгата со упатства за вашето возило.
–После извршните активности препорака е да се контролира во моторниот простор на возилото колку е поминато време и километри од послендиот сервис, според планот на одржување или според планот на сервисната книшка.
–Отворена е можност борд компјутерот да ја вклучил сервисната порака бидејќи поминале 365, а возилото да нема поминато многу километри од последниот сервис (односно да нема поминато целосна километража меѓу сервисните интервали). Тогаш просторот е многу поголем возилото да го одработи потребното патување и да стигне до вратата на сервисот без никакви проблеми.
–Доколку со контролата сте утврдиле дека возилото ја вклучило сервисната порака поради премногу минати километри тогаш утврдете уште еднаш во сервисната книшка кога според километрите е запишан последниот сервис. Отворена е можност на последниот сервис да не е направено успешно ресетирање на сервисниот интервал, кој најчесто се движи од 15.000 до 30.000 километри.
–Доколку во идниот чекор сте утврдиле дека возилото прерано ја вклучило сервисната порака во однос на минатите километри не го занемарувајте предупредувањето на возилото. Исто така, отворена е можност дека е дојдено до ран пад на квалитетот на малосото со оглед на тоа што денешните возила со дизел филтер на крути честички во ауспухот при активни зачестени чистења на филтерот, може да го забрза смалувањето на квалитетот на маслото. Затоа одложувањето на одење во сервис може да допринесе за целосно уништување на моторот.
Ова се само некои од можните сценарија, а секако препораката е доколку се најдеме во оваа или слична ситуација пред продолжувањето на патувањето да се контактира стручниот персонал во сервисот кој го одржува вашето возило.